петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 110
Во живо

ВО ЖИВО: Изјава на Мицкоски од индустриската зона „Жабени“

home Вести

Се затвораат работни места и се намалуваат плати, а трошоците за живот растат

Се затвораат работни места и се намалуваат плати, а трошоците за живот растат

Покрај големиот пад на бруто домашниот производ, големиот број на изгубени работни места и намалени плати кај огромен дел од вработените, од почетокот на годината до сега, потрошувачката кошничка се зголемила за 1000 денари според мерењата на Сојуз на синдикати кои ја изработуваат синдикалната минимална кошничка.

За ноември минималната кошничката изнесувала 33 742 денари што е за околу 1000 денари повеќе во споредба со јануари кога изнесувала 32 791 денар.
Ваквото поскапување се случува во време на пандемија кога илјадници граѓани поради последиците кои врз нив ги остава пандемијата едвај успеваат да врзат крај со крај.

Според анализите ваквото зголемување покрај поскапените прехрамбени продукти, воглавно се должи и на поскапената цена на струјата за која и покрај бурните реакции на граѓаните и протестите, од Регулаторната комисија за енергети не отстапуваа од намерата за драстичното зголемување од 7,4 проценти, односно 5,9 денари за еден киловат.

Инаку, и без ваквото поскапување, во 2019 година, граѓаните на Македонија беа втори на листата во Европа за плаќање на најскапа струја доколку се споредува со просечната месечна плата.

Граѓаните се жалат дека тешко ги покриваат основните месечни трошоци а и само ако само проста анализа за примањата и трошоците на месечно ниво кои може да ги има едно четирчлено семејство може да се заклучи дека граѓаните не само што не успеваат да ги исполнат минималните потреби. Ако минималната кошничка изнесува 33 742 денари, а двајца вработени од четирчлено семејство поради ситуацијата се со минимална плата од 14 934 денари ќе испадне дека им недостигаат уште приближно 4 илјади денари за да ги покријат нивните основни трошоци.

За надминување на ваквата состојба експертите сметаат дека Владата треба да излезе со сериозни економски мерки кои ќе ги навистина ги покриваат проблемите на граѓаните а не како досегашните кои беа лошо насочени и недоволни за да ги амортизираат негативните ефекти на корона кризата.

Локални избори 2021