петок, 25. септември 2020. Вести денес: 84
home Вести

Се затвора Заводот во Козле: 8 медицински лица и 2 пациенти имаат коронавирус

Се затвора Заводот во Козле: 8 медицински лица и 2 пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе биде затворен во наредниот период, откако 8 медицински лица и двајца пациенти биле позитивни на коронавирусот, информираше министерот за здравство Венко Филипче на попладневната прес-конференција.

-Тестирани се 46 вработени во Заводот и 6 пациенти. Примероците се земени на 26-ти, 27-ми и 28- ми март. Позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Во текот на денешниот ден, тестирани се уште 16 пациенти, кои во моментов се уште се хоспитализирани во заводот. Имајќи ги предвид резултатите и обемот, спецификата на работата, Заводот во Козле нема да работи во наредниот период, а пациентите ќе се упатуваат во 8 Септември, изјави Филипче.

Коронавирус