петок, 3. април 2020. Вести денес: 6
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Се запали просторија, изгоре товарно возило

Се запали просторија, изгоре товарно возило

Во СВР Охрид вчера во 12:20 часот од ТППЕ Охрид, бил пријавен пожар во помошна просторија на ул.„Живко Чинго“.

Полицијата констатирала дека дошло до пожар во помошна просторија која се наоѓала позади куќата сопственост на М.В.(55), а настанал најверојатно поради краток спој на електричната инсталација.

Од МВР соопштија денеска дека при пожарот целосно изгорело товарно моторно возило „опел виваро“ со охридски регистарски ознаки, кое било паркирано позади куќата. Пожарот бил изгаснат од екипа на ТППЕ-Охрид.

Коронавирус