вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 86
home Вести

Се враќале од екскурзија во Македонија: Автобус со средношколци попладнево излетал од патот, најмалку 17 повредени

Се враќале од екскурзија во Македонија: Автобус со средношколци попладнево излетал од патот, најмалку 17 повредени

Најмалку 17 ученици се полесно повредени попладнево во Албанија кога автобус, што превезувал средношколци, излетал од патот во близина на преминот Ќафасан, на албанско-македонската граница. Несреќата се случила нешто по 17 часот, кога автобусот во кој имало 50 ученици, излетал од патот и удрил во заштитната ограда.

На повредените ученици им е укажана медицинска помош во болницата во Прењас, каде биле пренесени со возила на случајни минувачи, бидејќи на местото на несреќата пристигнало само едно возило на брзата помош.

Средношколците биле од гимназијата во Росковец, централна Албанија, и се враќале од екскурзија во Македонија. Според полицијата, причини за несреќата се влажниот коловоз и невниманието на возачот.

Коронавирус