недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 74
home Вести

Се вештачи компјутерот на синот на Јанева- се проверува дали се вмешани функционери од власта

Се вештачи компјутерот на синот на Јанева- се проверува дали се вмешани функционери од власта

Иако Обвинителството за организиран криминал соопшти дека е завршена истрагата за „Рекет“ во делот за влијание од Катица Јанева за „Империја“, сепак уште траат вештачења кои најверојатно ќе ги надополнат собраните докази, дознава „САКАМДАКАЖАМ.МК“.

Од „СДК.мк“ пишуваат дека во МВР се вештачи компјутерот на синот на поранешната специјална обвинителка Јанева, што бил одземен при претресот во неговата канцеларија во 1 ТВ на притворениот Јовановски.

Се бара остатокот на парите кои Јовановски ги земал во два наврат од пријавителот на рекетот, Орце Камчев. Тој е првоосомничен во „Империја“.

Истрагата проверува дали дел од тие пари ѝ биле исплаќани на Јанева евентуално преку месечни примања и разни премии на сметката на нејзиниот син, раководител во правната слуЖба на телевизијата на Бојан Јовановски. Мобилниот телефон на синот на Јанева, не му бил одземен.

Паралелно со ова, МВР прави вештачење на компјутерот и на мобилниот телефон на првоосомничениот во „Рекет“ Бојан Јовановски. Ова вештачење, велат во истрагата, е битно и за вториот дел, за земањето стотици илјади евра од бизнисмени од страна на Меѓународниот сојуз на Боки 13.

Од вештачењето на мобилниот телефон и на компјутерот на Јовановски, велат извори за „СДК.мк“, се очекува да се утврди дали високи функционери од актуелната власт се поврзани со прелажувањето на бизнисмени да уплаќаат скоро милион евра за изградба на старечки домови, кои никогаш не се изградија, а парите ги нема. Досега е утврдено дека за наводна изградба Меѓународниот сојуз успеал да извлече од двајца сопственици на компании еден милион евра.

Коронавирус