сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 107
home Вести

Се уште се вештачат „апаратите“ на Боки 13 и Зоки Кичеец

Се уште се вештачат „апаратите“ на Боки 13 и Зоки Кичеец

Додека растат притисоците од домашната јавност, меѓународниот фактор, власта и опозицијата да се расчисти случајот „Рекет“ и улогата на специјалната обвинителка Катица Јанева, од основното обвинителство велат дека мобилните телефони и компјутерите на обвинетите Бојан Јовановски и Зоран Милевски се уште се вештачат.

Ова е последна информација, откако од двете обвинителства соопштија дека им престојат неработни денови поради годишен одмор без индиции за евентуално проширување на истрагата со нови осомничени лица.

„Во предметот за кој покажувате интерес, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет презема истражни дејствија за утврдување на фактите и кривичната одговорност. Вештачењата на мобилните телефони, запленетите компјутери и други предмети се во тек. Доколку во текот на истрагата бидат утврдени елементи на други кривични дела или други сторители, постапката ќе биде проширена“, гласи последниот одговор од ОЈО за Гласот на Америка

Јанева во моментов е замината на летен одмор, а остануваат нерасчистени прашата зошто кај мобилниот телефон кој бил „изгубен“ форензичарите утврдиле дека е форматиран и дека се избришани сите податоци и зошто специјалната обвинителка во оставка дала усна наредба за бришење на податоците на дел од компјутерите во СЈО.

Коронавирус