вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 169
home Вести

Се уште нема правна и кривична одговорност за екс заменик министерот за здравство

Се уште нема правна и кривична одговорност за екс заменик министерот за здравство

Се уште нема правна и кривична одговорност за екс заменик министерот за здравство.

Денес на 120-тата пленарна седница во Собранието на Република Македонија единствена точка на дневен ред е изборот на новиот заменик министер за здравство. За потсетување, сега веќе поранешниот заменик министер пред неполн месец си поднесе оставка од својата функција по огромните притисоци во јавноста откако се појави видео снимка како бара и зема мито од пациент за закажување на операција. Многу важно е да се напомене дека освен оставката и политичката одговорност на заменик министерот, и по изминат речиси еден месец се уште нема никаква правна и кривична одговорност од сега веќе поранешниот заменик министер.

Очигледно е дека заложбите на власта за бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот во своите редови е само празна флоскула и лажно изборно ветување, додека во пракса огромниот број на вакви случаи каде целата македонска јавност е сведок за сторен криминал и кривично дело на функционери од власта, истите се заташкуваат и игнорираат од надлежните органи.

Овој случај со примање на мито од страна на поранешниот заменик министер, само ја отсликува катастрофалната состојба во која се наоѓа здравството во Република Македонија на чело со министерот Венко Филипче. Токму затоа, незадоволството како на граѓаните, така и на докторите, од ден на ден се повеќе расте.

Докторите и медицинскиот персонал работат во субнормални услови, има неконтролиран одлив на стручен кадар од државата, нема капитални инвестиции, нема изградба на болници, нема набавка на медицинска опрема и реагенси, се склучуваат тендери со сомнителни ново отворени фирми, докторите и медицинскиот персонал постојано се цел на закани и физички напади од незадоволни граѓани и уште ред други примери за тоа како функционира здравството во Македонија на чело министерот Филипче.

Коронавирус