сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 71
home Вести

Сè уште активни дел од пожарите: Детали за состојбата – каде гори, што е изгасено и дали е ставено под контрола!

Сè уште активни дел од пожарите: Детали за состојбата – каде гори, што е изгасено и дали е ставено под контрола!

Активен е пожарот над селото Градманци во скопскиот регион, но и пожарите кај кумановскиот и штипскиот регион. Пожарот кај селото Бели е целосно изгаснат, додека кај охридскиот регион е ставен под контрола, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). На терен се сè уште пожарникарите и екипите од Армијата.

Согласно состојбата со активни пожари до 13 часот денеска, од ЦУК на својот фејсбук профил објавија дека во скопски регион е активен пожарот над селото Градманци.

На терен е излезена дежурна екипа ТППЕ и од ШС Караџица – четири шумари. Исто така, е контактирано и со одговорните лица од општина Петровец. Состојбата се следи.

Во струмички регион, шумскиот пожар кој се појави околу 12:30 часот завчера кај местото Погана во општина Валандово и кој зафати површина од 200 хектари, во текот на вчерашниот ден беше во мирување се до 17 часот. Но со појава на северен ветер пожарот повторно се разгоре и имаше движење према секо Казандол и Богданци и зафати површина од околу 100 хектари.

Од ЦУК информираат дека денеска во утринските часови поради тивкото време пожарот е во мирување, освен мал дел над селата Брајковци и Балинци. Екипите на ТППЕ, Шумско стопанство и ДЗС се на терен и распоредени се покрај наведените села.

Во кумановски регион, во моментот покрај постоечките пожари, во 07:40 има појавено нов пожар во селото Бељаковце, каде гори сува трева и нискостеблеста мешана шума. Ангажирана е екипа на ТППЕ Куманово со три пожарникара и едно возило.

-Во општина Старо Нагоричани во моментот и понатаму е активен пожар во селото Кокино кој се дели со длабок дол со селото Арбанашко – местото Рамно во општина Старо Нагоричане каде гори висока борова шума, дабова шума, габер, сува трева и нискостеблеста мешана шума, информираат од ЦУК.

Во моментот од утринските часови на терен се ТПП Единица Старо Нагоричане со шест пожарникара, петмина вработени полицајци од СВР Ст ароНагоричане, 30 лица војска од АРМ, шест лица вработени од Ш.Стопанство, со едно теренско возило и неколку мештани од општината Старо Нагоричане.

За пожарот во атарот на селото Дренок од општината Старо Нагоричане се исвестени од РЦУК и ТППЕ Куманово, ДЗС ПО Куманово и ЈП Национални шуми ПЕ Куманово.

Во однос на охридски регион, таму пожарите во околината на сото Делогожда-Струга и селото Девич-М.Брод се локализирани и ставени под контрола, така штоа, од ЦУК велат дека во овој момент нема опасност од нив и нема потреба од дополнителни сили и средства за справување со нив.

Во битолски регион за пожарот во општина Прилеп, атарот на селото Канатларци и селото Подмол на лице место излезена е екипа од ТППЕ Прилеп од едно пп возило и едно теренско возило, како и седум пожарникари. Зафатено е сува трева, појаси и меѓи. Зафатена е и корија во атарот на селото Подмол.

Во овој момент пожарот во атарот на селот Канатларци и Подмол, е ставен под контрола.

Пожарот на запалена шума во атарот на селот Топлица, кој започна во текот на вчерашниот ден во 13:10 часот сè уште е активен.

Екипа од едно теренско возило и четири работници, моментално заминуваат на местото на настанот. Дооплнителни информации ќе се добијат по пристигнувањето на екипата од лице место.

Во штипски регион пожарот што избувна на местото Бајаз Тепе во текот на вчерашниот ден, е сè уште активен и е проширен.

Интервенираат екипа на Ш.С. Равна Река со две теренски возила со цистерни и две возила за превоз и 17 вработени, екипа на ШС Малешево со две теренски возила со цистерни и 10 вработени, ТППЕ Берово со едно возило и четири пожарникари и неколку луѓе од месното население. Гори дабова и борова шума, нискостеблести растенија, стрништа и пасишта. Екипите работат на локализирање на истиот.

Пожарот кој избувна во текот на вчерашниот ден во атарот на селото Нов Истевник маало Пасјак е уште активен и е зафатена површина од околу 30 хектари. Гори борова шума и нискостеблести растенија. Екипите за гасење на пожар се на терен од раните утрински часови од 04:00 часот.

Во гаснењето на пожарот во моментот се ангажирани 80 припадника на АРСМ, 20 вработени во Шумско стопанство Голак од Делчево, ТППЕ со осум пожарникари и една цистерна и едно теренско возило Лада нива, еден припадник на Гранична полиција со едно теренско возило Ланд Ровер.Пожарот ги има зафатено и атарите на општините Берово и Пехчево каде интервенираат работници од нивните Шумски стопанства.

Пoжарот кој се појави вчера во 13 часот кај село Бели е целосно изгаснат. Во гасењето на пожарот учествуваа екипи од ТППЕ од Кочани, Штип, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. 10 луѓе од ШС Осогово-Кочани и 90 војници и старешини од АРСМ и месно население. Пожарот е изгаснат во 01:30 часот по полноќ.

Коронавирус