понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 150
Во живо

Обраќање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на нацијата

home Вести

Се уриваат државните бараки во Бутел, семејства на улица

Се уриваат државните бараки во Бутел, семејства на улица

Социјалните загрозени семејства кои живеат во државните бараки во Бутел стравуваат дека ќе останат без покрив над глава. На терен багер ги урива бараките и го чисти теренот. На нивно место ќе се гради социјална зграда. Но, останува да се урне уште овој објект во кој живеат неколку семејства. Тие денеска реагираа пред камерата на Алсат дека среде зима ќе останат на улица. Понеделник е рокот кога треба да ги напуштат објектите кои и онака се руинирани. Веќе им ги ислучиле водата и струјата, пишува АлсатМ.

„За некои дадоа станови. Тука останавме само 3-4 семејства. – Документи поднесовте ли за стан? – Поднесовме документи, не ми дават ништо зашто сум сам. – Ве одбија? – Да, ме одбија. – И сега кога ќе се руши тука има ли каде да одите? – Немам каде да одам“

„Ги дадов докумнетите што ни ги бараа за стан. Ги предадовме и на крајот ме одбија. – Зошто? – Зашто ми било укината социјалната помош. Нема каде да одиме. Од тука не излегувам. Нека ми најдат каде да живеам, па после нека рушат“

„Да ми најдат стан обавезно ќе се преселам. Обавезно! Фала од Господ ако прават таква добрина, на цела Македонија. Ако ми дадат стан и за моите деца сакам да имаат иднина“

Бараките ги урива Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за државата. Оттаму за Алсат информираат дека со новата социјална зграда ќе има има 312 станови. Луѓето кои тука живеат ги упатиле до владината Комисија за станбени прашања.

„Оваа комисија донесе времени решенија за доделување станови под закуп на лицата кои ги исполнуваат условите предвидени во Законот за домување… Интенцијата е овие лица потоа да аплицираат за добивање стан под закуп во зградата на оваа локација која според очекувањата ќе биде готова за две години“-велат од АДСДП.

Оние лица кои не добиле стан, решение за себе ќе треба да си бараат во Министерството за труд и социјална политика.

Најнови вести

Коронавирус