среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 135
home Вести

Се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохол

Се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохол
Фото илустрација

Ќе се укинуваат ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и во малопродажните објекти во кои тоа беше забрането со законот од 2008 година.

Владата на денешната седница го прифатила предлогот за измени и дополнувања на Законот за трговија на Министерството за економија, чија цел е укинување на ограничувањата на времето на продажба на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и на малопродажните објекти.

Според овој Предлог продажбата на алкохолни пијалаци во трговијата на мало и понатаму да се врши во лиценцирани продажни објекти, но при тоа нема да се бараат посебни услови во продажниот објект за продажба на алкохолни пијалаци, ниту ќе се ограничуваат малопродажните објекти во кои ќе се врши продажбата.

Продажбата на алкохолните пијалоци ќе се дозволи и во киосците.

Исто така со Предлогот на закон не се ограничува времето за продажба на алкохолни пијалаци во малопродажните објекти во трговијата.

Локални избори 2021