четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се укинуваат летовите од Скопје за Турку, заради извозот на корона?!

Се укинуваат летовите од Скопје за Турку, заради извозот на корона?!

Финската влада сериозно размислува да ги укине летовите од Скопје за Турку, град во Финска каде изминатите денови од вкупно три авионски лета над 40 патници добиле позитивен тест на Ковид 19.

Како што известуваат финските медиуми, министерот за транспорт и врски Тимо Карака до владата ќе достави предлог сите летови од Скопје да се суспендираат.

Разгледуваме колку е флексибилна легислативата во вакви околности. Овој предлог ќе го доставам до владата и на седница ќе донесеме одлука. Се подготвуваме привремено да ја укинеме линијата меѓу Турку и Скопје.

-Сигурен сум дека можеме да изнајдеме некој транзициски период во кој Финците ќе се вратат дома, изјавил Карака за хелсиншки ,,Саномат”.

Најнови вести

Коронавирус