среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

Се удри по џебот на пациентите на дијализа, до вчера беше бесплатно сега месечно плаќаат по околу 3 илјади денари за паркинг на Клинички

Се удри по џебот на пациентите на дијализа, до вчера беше бесплатно сега месечно плаќаат по околу 3 илјади денари за паркинг на Клинички

Пациентите со бубрежни проблеми и оние кои што имаат транслатирано бубрези, кои што мораат да одат на дијализа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, ќе мора да плаќаат паркинг. Укинати им се картичките за бесплатен паркинг кои што им ги имаше обезбедено невладината организација НЕФРОН.

При влез во клиничкиот комплекс, овие пациенти се принудени да земат нови картички со кои мора да платат паркиг место за нивниот неколку часовен престој.

„И повторно не важат членски книшки од НЕФРОН за во клинички центар Мајка Тереза. Пак го наплаќаат паркингот“, реагираат граѓани на социјалните мрежи.

Имено, на пациентите со бубрежни проблеми кои што треба да одат на дијализа, потребни и се од четири до чет часа да поминат во болница за да ја примат терапијата, а на терапија треба да одат најмалку три пати неделно. Значи, пациентите за да ја примат терапијата, принудени се да плаќаат по околу 150 денари дневно само за паркинг место во Клиничкиот центар во Скопје, а во просек одат три пати неделно на дијализа. Месечно би им домшло да плаѓаат по скоро три илјади денари.

Од друга страна, ова не е единствениот проблем со кој се соочуваат овие болни лица. Инаку, пациентите со трансплантирани бубрези, место да одат на дијализа која што кошта 20.000 евра годишно по човек, на нив им се дава да пијат апчиња. Место на дијализа тие се третираат со таблетарна терапија.

Место на денот на органодарителсвто, кој што се обележа вчера, министерот за здравсто Венко Филипче да се се фали како е проширена програмата за трансплатација во целата земја, да земе и да ги реши овие реални проблеми со кои што се соочуваат овие пациенти.

Коронавирус