среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 37
home Вести

Се тресеше шумата се роди глушец- На барање на Антикорупциска сменет небитен човек

Се тресеше шумата се роди глушец- На барање на Антикорупциска сменет небитен човек

Граѓаните, партиите, невладиниот сектор, ЕУ и експертската јавност очекуваа важни случаи со корупција на високи позиции во владата и администрацијата, а првата жртва на борбата против корупцијата е човек од најниските локални ешалони на власта.

Владата на денешната седница донесла одлука за разрешување на Ристо Чулаковски од позицијата член на Управниот одбор, преставник на основачот на Државниот студентски дом „Кочо Рацин“, Битола.

-Чулаковски е разрешен поради постоење на судир на интереси, по иницијатива којашто до мојот Кабинет пристигна од страна на Државната комисија за спречување на корупција, објави вечерва вицепремиерот за корупција Љупчо Николовски.

Според него, владата ги разгледува и постапува по сите пристигнати иницијативи од Државната комисија за спречување корупција, како важна независна институција во откривањето и спречувањето корупција.

Предходно во случајот со Лидија Димова од Националната агенцијата за европски образовни програми и мобилност проблем беше одлука на Управниот одбор на Агенцијата. Николовски не објави дали за смената на непознатиот Чулаковски гласал Управниот одбор во Битола, пренесува Експрес.мк.

ЕУРО 2020

Македонија