четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 90
home Вести

Се “трча“ со изведување на доказите во ТНТ, судијата не дозволи иземање на обвинителот

Се “трча“ со изведување на доказите во ТНТ, судијата не дозволи иземање на обвинителот

Продолжи судењето во случајот „ТНТ“. Одбраната на обвинетите бараше изведувањето на доказите во вид на СМС пораки и аудио разговори да се изведува во присуство на вешто лице кое денеска не беше присутно.

Доказите се изведуваат во едно рочиште, но не на професионален начин, туку се чини, колку само да се изведат. Со брзо читање само на насловите се помина делот за изведување на доказите.

Со ова, судиите прават суштествена потврда на постапката за што Апелација има вратено неколку пресуди на Кривичен, само по овој основ.

-Бараме да ни се дадат сите докази и сите вештачења да се изведат од вешто лице. Исто така, бараме сите докази кои не се дел од поднесокот да се внесат директно во записнокот. Сите стручни докази да се изведат од техничко лице кое ќе го одреди судот, објасни адвокатот Сашо Страшевски.

Со сличен став и адвокатот на обвинетата Елисавета Најдоска, Мерџан Даути

-Бараме сите докази да се изведат еден по еден, онака како што се предоложени и од страна на Обвинителството и од страна на Судот, изјави бранителот.

Даути побара иземање на обвинителот Бурим Рустеми поради тоа што не се читаше содржината на доказите и побара прекин на денешното рочиште, на што судијата Ставрев се спротистави.

-Ќе бидете казнети, не може од мене да барате иземање. Судот тоа го отфрла, се изјасни судијата Ставрев.

Коронавирус