петок, 18. септември 2020. Вести денес: 166
home Вести

Се “соголува“ Шар Планина: Шумската полиција не може да се справи со нелегалната сеча, нема доволно кадар

Се “соголува“ Шар Планина: Шумската полиција не може да се справи со нелегалната сеча, нема доволно кадар

Шар планина секојдневно е се пооштетена поради сечата на дрва од страна на неодговорни граѓани. Активистите и здруженијата се жалат бидејќи сечата на Шара се случува во текот на целата година. Дрвата се сечат не само во шумата околу селата туку и на други места каде се сече без никаков критериум, објавува ТВ 21.

Во текот на зимата се сечат дрва на Шар планина,  а потоа не се компензира од страна на институциите, односно не се засадуваат нови садници. Со тоа уште повеќе се влошува сликата на Шар планина која се очекува да биде прогласена за национален парк.

Од шумската полиција признаваат дека имаат недостиг на кадар за да ја покријат цела територија со оглед на фактот се вработени само 18 лица, а регионот е многу голем.

„На располагање има само две возила и сега шумската полиција функционира на повик или пријавување на случаи или со патроли. За зачувување на планината ќе треба да се организираат повеќе легални сечи во селата бидејќи повеќето села се греат на дрва и на тој начин нема да имаме нелегална или неконтролирана сеча. Бројот на нелегална сеча е опаднат видно“, велат од шумската полиција.

-Да се спречи нелегалната сеча ќе треба да има регионална полиција која ќе се грижи за одреден регион. Против дивите дрвосечачи има незавршени судски постапки, но тие се, или надвор од државата или се социјални случаи, велат од шумската полиција.

Од планинарското здружение велат дека целта е Шар планина да стане туристичко место нешто на што веќе се работи. Привлекувањето туристи е предизвик сам по себе бидејќи се гледа колку се оштетени дрвјата и колку се исечени покрај патеките за прошетка, а тоа е многу лоша слика и за туристите, но и за домашните кои ја посетуваат Шар планина.

Прилогот на ТВ21 погледнете го во продолжение:

Коронавирус