понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 59
home Вести

Се скараа ДУИ и ДОМ: Според Груби помалите политички партии се незначајни

Се скараа ДУИ и ДОМ: Според Груби помалите политички партии се незначајни

Се чини дека ситуацијата во коалицијата на власт не е блескава за малите партии кои се во неа. Според Артан Груби од ДУИ, предлогот за отворени листи за локални избори од страна на помалите политички партии нема светла иднина. Во 24 анализа тој откри дека не ги сфаќа сериозно помалите политички партии укажувајќи и на претседателката на ДОМ, Маја Морачанин, дека партијата која таа ја води е несериозна и непрофесионална.

-Можеби предлогот ќе имаше „П“ од светла иднина доколку беше предложен од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ. Би бил друг пристапот, поголем, посериозен. Вака наметнување на волја од помала партија која што всушност се обидува преку еден изборен модел да се смогне до еден или два пратеници на штета на стабилноста на владеењето, според наша гледна точка мислиме дека не е коректно, директен беше Груби.

Според ова однесување на ДУИ пред јавноста, се чини дека малите партии во коалицијата со СДСМ се третирани како безгласни членови кои само учествуваат во бројот на коалициони партнери за одржување на Зоран Заев на власт, но не учествуваат во одлуките на коалицијата.

Коронавирус