петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Се ситни гласачкото тело пред локални избори, независни советнички листи од незадоволни социјалдемократи се најавуваат во Охрид, Куманово, Центар

Се ситни гласачкото тело пред локални избори, независни советнички листи од незадоволни социјалдемократи се најавуваат во Охрид, Куманово, Центар

Општинскиот совет во Охрид со години функционира по партиска директива, а не според потребите на граѓаните.На охриѓани им требаат советници кои ќе го чујат нивниот глас и ќе им ги решаваат проблемите.

Според Владо Чингоски поранешен истакнат висок функционер на СДСМ се главните причини поради кои се формирал иницијативниот одбор кој на локалните избори во октомври сака да настапи со независни кандидатски листи за советници. Чингоски кој во минатото бил и претседател на советот за Алфа вели дека очекува на независните листи да бидат предложени луѓе од еснафските здруженија и стопанствениците без оглед на партската определба, објавува Алфа.

„Не секогаш интересите на политичката партија не кореспондираат со интересите на граѓаните. Во еден дел може да се совпаднат, но пред се се трга од рејтингот на политичката партија. Нашата идеја е советничката говорница да ја користиме за секој предлог кој што е добар без оглед да ли произлегува од власта, опозицијата или градоначалникот или други субјекти”, вели Чингоски.

Чингоски истакнува дека Заев до сега не ги контактирал незадоволните социјалдемократи кои се дел од иницијативниот одбор.

“Ја слушнав изјавата. Тој може да ме контактира во својство на СДСМ, но не и како некој кој е дел од иницијативниот одбор за независни кандидатски листи Охрид пред се”, вели Чингоски.

Освен во Охрид независни советниччки листи од незадоволни членови на СДСМ се споменуваат и во Куманово и Центар. Сето ова се случува паралелно со одлуката на заменик-претседателката Радмила Шекеринска во иднина да не биде на раководна позиција како и смената на Стојко Пауновски од функцијата директор на пазарниот инспекторат бидејќи се спротивстави на вработувањата според рамковниот договор. Шпекулациите во Куманово траат извесен период околу тоа дали СДСМ ќе застане зад уште една кандидатура на Максим Димитриевски кој пред неколку дена не доби поддршка да биде дел од централниот одбор на партијатаа.

Коронавирус