недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Се рушат рекорди уште од сабајле: Енормна загаденост на воздухот во Тетово

Се рушат рекорди уште од сабајле: Енормна загаденост на воздухот во Тетово

Загаденоста на воздухот во Македонија е на алармантно високо ниво. Граѓаните се гушат и апелираат до власта да започне со преземање на мерки со кои ќе се спречи загадувањето. Мината недела Куманово и Скопје бea во топ десет градови во светот по загаденоста.

Дека загаденоста на воздухот се искачува на високо ниво доказ е и концентрацијата на ПМ10 честички во воздухот измерена во 10 часот. Во 10 часот се измерени 197 µg/m³ во Тетово од дозволени 50µg/m³. Во Куманово кој беше во текот на викендот еден од најзагадените градови во светот до 10 часот се измерени околу 145µg/m³.

Граѓаните на социјалните мрежи апелираат дека време е власта да се разбуди, за да не биде како минатата година кога граѓаните се гушеа во загадениот воздух, а надлежните си ја префрлаа одговорноста од институција на институција.

Коронавирус