сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 15
home Вести

Се распаѓа коалицијата на СДСМ: ДС ќе размислува за коалиција со СДСМ, можно е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Се распаѓа коалицијата на СДСМ: ДС ќе размислува за коалиција со СДСМ, можно е коалиција со ВМРО-ДПМНЕ

Генералниот секретар на Демократскиот сојуз Зоран Димитровски во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24 вели дека власта на СДСМ на домашен план има направено огромни пропусти во делот на владеењето на правото, потенцирајќи дека целта на Демократскиот сојуз е токму бескомпромисната борба со корупцијата и криминалот.

Димитров, додаде дека нема класична коалиција со СДСМ, но добра соработка, но призна дека е можно коалицирање со опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Ние донесовме одлука да почнеме преговори во зависност од тоа како ќе се одвива цел процес, дали ќе има оставка на владата и техничка влада на 3 јануари и избори на 12 април. Доколку нема една изборна единица, нели нашата цел е тоа да има една изборна единица и да се обидеме сами или евентуално да направиме некаква коалиција доколку нема една изборна единица ние сме принудени да разговараме со поголемите политички партии и да најдеме соработка.

Но, условот ќе биде токму тој доста е со реторика за клучните проблеми на демократија за она што говоревме за владеењето на правото, вели тој На новинарското прашање дали е можна коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, Димитров изјави: Значи реков со двете поголеми политички партии, ние сега имаме некаква соработка со СДСМ, немаме класична коалиција, но имаме соработка.

Но, ако видовме изминатиот период што се случи затоа што меѓу главните принципи на Демократскиот сојуз се токму безкомпромисната борба против организираниот криминал и корупцијата и ако гледаме дека не можеме да добиеме за тоа ветување од другата страна или конкретни чекори ние сме спремни да разговараме и со ВМРО-ДПМНЕ, каде што ќе добиеме ветувања дека во одредени рокови ќе се остварат оние цели за кои што се залагаме.

Коронавирус