петок, 26. април 2019. Вести денес: 32
home Вести

Се расипа автобус на ЈСП среде улица, надлежните до шоферот: „Вози го автобусот со дефект“, патниците вознемирени (ФОТО)

Се расипа автобус на ЈСП среде улица, надлежните до шоферот: „Вози го автобусот со дефект“, патниците вознемирени (ФОТО)

Автобус на ЈСП- Скопје со бројот 19 попладнево се расипал кај затворот Шутка, по што започнало да излегува чад од истиот, сведочат вознемирени патници за КУРИР.

-Шоферот откако се јавил и ги замолил надлежните да преземат нешто, тие му одговориле да го вози така автобусот, кој бил со околу 40 патници. Автобусот кој претходно го попречувал сообраќајот и ги загрозувал животите на сите патници се движел многу бавно, за да на крајот кај затворот целосно останал во дефект, вели вознемирена патничка на ЈСП.

Таа додава дека сите патници биле вознемирени од одговорот на надлежните, кој шоферот нервозно им го пренел на патниците и додал дека веќе два месеци возел неисправен автобус кој е во дефект.

Од ЈСП за КУРИР велат дека во текот на денешниот ден немало никаков инцидент, немало никакво чадење/запалување.

-Во ниту еден момент не била загрозена безбедноста на патниците. Возачот пријавил во Диспечерски центар дека му било нешто сомнително кога давал гас и при вклучување/исклучување на возилото. По добиени инструкции, истото возило за десетина минути продолжило да сообраќа. Во меѓувреме, повеќето патници се симнале самоиницијативно, неможејќи да чекаат исход од ситуацијата дали истото возило ќе продолжи да вози или ќе дојде заменско, информираат од ЈСП-Скопје.