петок, 26. ноември 2021. Вести денес: 151
home Вести

Се работи на транспорт на керозин, српските хеликоптери ќе можат да полнат гориво и во штипската касарна

Се работи на транспорт на керозин, српските хеликоптери ќе можат да полнат гориво и во штипската касарна

Во овој момент се работи на транспортот на керозин. Намерата е денеска да биде сместен во касарната во Штип, што ќе биде на безбедно и српските хеликоптери со помал резерворар да полнат гориво во штипската касарна, за да ја зголемиме нивната ефикасност, соопшти директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.

-Транспортот на керозин е малку посложен процес, затоа што се работи за исклучително лесно запалива течност. Намерата е овој кирозин денеска да биде сместен во касарната во Штип, каде што ќе биде на безбедно и српските хеликоптери кои имаат помал резерворар да полнат гориво во штипската касарна за да ја зголемиме нивната ефикасност, рече Ангелов.

Тој на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање посочи дека доколку во текот на денот дојде до потреба овие хеликоптери да бидат ангажирани на друго место, ќе има можност и цистерната да се однесе таму.

Како што рече директорот на ЦУК намерата е да се скрати времето на полнење на гориво и со тоа да се зголеми ефикасноста на хеликоптерите во гаснењето пожари.  (МИА)

Коронавирус