сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 131
home Вести

Се прибираат докази за „Рекет“: Земени изјави од Богоев и Петровска, телефонот на Јанева на вештачење

Се прибираат докази за „Рекет“: Земени изјави од Богоев и Петровска, телефонот на Јанева на вештачење

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција испитува лица за кои цени дека со даден исказ можат да помогнат во натамошното утврдување на факти во предметот кој се води против две лица за кривични дела – Примање награда за противзаконито влијание и Перење пари и други приноси од казниво дело.

Во текот на вчерашниот ден по телефонски повик од јавен обвинител, во обвинителството даде изјава градоначалникот на општина Карпош. Денеска беше повикана и изјава даде градоначалничката на општина Битола. Во интерес на истрагата, обвинителството не е во можност да сподели детали околу содржината на дадените изјави.

Паралелно со прибирањето на вербални докази, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет дава насоки и наредби за вршење и на други истражни дејствија.

Вештачењата на прибраниот обемен материјал од извршените претреси е во тек. По наредба на обвинителството се врши и вештачење на содржината на пронајдениот и одземен втор мобилен телефон на јавниот обвинител.

Почитувајќи ја транспарентноста во работењето, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе продолжи со информирање на јавноста за преземените дејствија секојпат кога ќе постојат законски можности и во обем кој не ја попречува истрагата, информираат од Јавно обвинителство.

Коронавирус