петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 53
home Вести

СЕ ПРЕВРТИ АВТОМОБИЛ ПОРАДИ ЛИЗГАВИОТ КОЛОВОЗ: Маж и жена биле внатре, еве ги деталите!

СЕ ПРЕВРТИ АВТОМОБИЛ ПОРАДИ ЛИЗГАВИОТ КОЛОВОЗ: Маж и жена биле внатре, еве ги деталите!

Попладнево околу 15,07 минути поради лизгав коловоз  и мраз  се случи сообраќајна несреќа на делницата Велес-Штип, над месноста викана Ѓубриште во која се превртело возило со сопружници од велешкто село Бузалково.

Како што информира за МИА началникот на Брза Помош д-р Василка  Пановска Поп Стефанова тие се здобиле со телесни повреди.

На местото на настанот била д-р Јадранка Мишкова од службата за Итна Помош која за МИА, информира дека и мажот и жената се здобиле со повреди на главата, а мажот и со повреди на рамо и шака и по укажаната прва медицинска помош со возило на Итна помош биле пренесени во Хирушките амбуланти на велешката Општа Болница.

-Во 15 и 30 минути на одделот за хирургија при ЈЗУ Оопшта болница – Велес од страна на Итна медицинска помош биле донесени се две  лица повредени во сообраќајна незгода и тоа маж на возраст од 63 години и жена на 62 годишна возраст. Двајцата се здобиле со лесни телесни повреди, информира д-р Елеонора Јованова портпарол на велешката болница.

Како што информира за МИА,д-р Љупчо Леов ортопед,  кој ги прегледал повредените,  тие биле снимени  и имале телесни повреди. Тие им препорачале  да останат на набљудување во болницата, но повредените  одлучиле да потпишат и да си заминат дома.

ЕУРО 2020

Македонија