недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се претера со популизмот: Маричиќ ќе се борел против криминалот, а не знае колку затвори има во Македонија

Се претера со популизмот: Маричиќ ќе се борел против криминалот, а не знае колку затвори има во Македонија

Популизмот на „чесните кадри” на СДСМ го проби дното. Новиот министер за правда Бојан Маричиќ иако во неколку наврати пробува да се претстави како професионалец од областа, сепак падна на прашање кое би требало да го знае многу добро.

Во дебатна емисија заедно членот на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Менкиноски, Маричиќ покажа основни непознавања за секторот кој го води.

Менкиноски го праша Маричиќ дали воопшто знае колку затвори има во Македонија, на што Маричиќ немаше одговор. Тоа доволно говори за фактот дека кадрите на СДСМ не само што не се професионалци во институциите со кои раководат, туку и дрско манипулираат со јавноста.

Маричиќ во изминатите години беше еден од гласноговорниците на „Шарената револуција” од која наместо да произлезе нов модел на функционирање и елиминирање на досегашните грешки, произлегоа партиски профитери и моментални функционери, кои искрените демонстранти од тоа време ги искористија за само да седнат во функционерска фотеља.

Според Менкиноски, човек кој не ги знае основните работи кои треба да ги знае од својот сектор, тој не треба воопшто ниту да ја води таа институција. Неквалитетните и несериозните кадри на СДСМ освен што не ја работат работата која што треба да ја работат бидејќи се поставени на таа функција, тие и прават штета поради незнаење и експериментирање.

 

Коронавирус