сабота, 8. август 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се празнува Св. Ѓорѓија, заштитник на верата

Се празнува Св. Ѓорѓија, заштитник на верата

Православните верници утре го празнуваат посен свети Ѓорѓија. Овој ден, освен како семејна слава, се празнува и како именден и како слава на цели села и градови.

Свети Великомаченик Георгиј Победоносец ( во народот познат како Свети Ѓорѓија) живеел и пострадал за време на безбожниот римски цар и идолопоклоник Диоклецијан (284 – 305 година), во чие време се вршело прогонство и убивање на христијаните.

Свети Георгиј, син на набожни родители и добар Христов војник завршил воена школа и бил на служба кај овој цар.

Во својата 20-та година го добил чинот трибун, воен старешина и царски пратеник. Знаејќи дека заради верата во Христа набргу ќе настрада, по смртта на својата мајка го раздал имотот на сиромашни, а робовите ги ослободил. Тој не можел да ја поднесе неправдата. Храбро застанал пред царот, кнезовите и сенаторите и изјавил: “Слуга сум на Христос, мојот Бог… До кога ќе ги гоните и мачите тие невини луѓе и ќе ги принудувате на вашето безумно безбожје. Идолите ваши не се богови, не се! Христос е единствениот Бог!”.
Царот наредил Св. Георгиј да биде фрлен во затвор и бил изложен на најтешки мачења.

Во жестоката борба меѓу доброто и злото – победа му подари, издржа надчовечки мачења и стана Победоносец, за да сведочи пред светот дека љубовта, побожноста и верата се посилни од се. На иконата Св. Ѓорѓија е претставен како војвода на коњ како со копје убива ламја која е под копитата на коњот. Приказот на свети Ѓорѓија како ја убива ламјата е заснован на попууларна легенда во христијанската митологија. според легендата Св. Ѓорѓија ја убил ламјата што на народот му правела голема штета.

494. тој е прогласен за светец, од страна на Гелазиј I (492—496).

Коронавирус