вторник, 15. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Се празнува споменот на чудата на Св. Архангел Михаил

Се празнува споменот на чудата на Св. Архангел Михаил

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 септември. Денеска е Св. Архангел Михаил.

Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (Јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил.

Според Католичкиот календар денеска е Св. Јануариј.

Бил бискуп во Беневенто. Заедно со своите другари во 305 година умрел маченички за време на прогонствата на царот Диоклецијан. Името на свети Јануариј е поврзано со Неапол каде со векови е главен заштитник на градот. Радосните и жалните случувања во стовековната историја во Неапол се испреплетуваат со името, почитувањето и чудесната крв на свети Јануариј која од 1389 година се чува во еден реликвијариум во градот.