недела, 21. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Се прават рани резервации за егзотични патувања – Нова Година ќе се слави на рати

Се прават рани резервации за егзотични патувања – Нова Година ќе се слави на рати

Резервации се прават неколку месеци порано, со цел да се добијат поголеми попусти.

Туристичките работници до сега се задоволни со продажбата на новогодишните аранжмани, истакнуваат дека последниве години интересот на граѓаните е поголем за патувањата во однос на претходните.

Најбарани дестинации меѓу граѓаните се Бугарија, Србија и Грција, но има и такви што ќе отпатуваат на поегзотични дестинации.

Тие велат дека оваа година имаат зголемен интерес за далечните дестинации. Поголема побарувачка има за Куба, Занзибар, Доминикана и Маврициус, како и за посета на Русија преку патување во Москва и во Санкт Петербург.

Од агенции потенцираат дека речиси сите патувања граѓаните ги плаќаат на рати, а особено ако станува збор на овие егзотични, кои секако се и доста поскапи. Има и такви кои што се одлучуваат да одат на патување, а потоа истото да го плаќаат цела година.

Цените за патувањата се движат од 89 евра за две ноќевања односно три дена, па нагоре зависно од далечината на дестинацијата и колку дена трае аранжманот.

Од агенциите апелираат граѓаните да побрзаат со резервации и да не чекаат последен ден. Со навремена резервација можете да добиете и одредени попусти и плус други поволности.

Извор: skopjeinfo.mk