недела, 2. октомври 2022. Вести денес: 44
home Вести

Се полни државна администрација – СДСМ забрзано вработува партиски војници

Се полни државна администрација – СДСМ забрзано вработува партиски војници

Нов бран на партиски вработувања во Јавното претпријатије за државни патишта. Ова претпријатије во последните неколку месеци стана синоним за вдомување на партиските кадри на СДСМ. Најновиот оглас за нови шест работни места е само продолжување на серијата на огласи кои ќе се вработат во оваа институција. Од почеток на годинава планирано е да се вработат нови 99 лица.

Првиот оглас што беше објавен беше помеѓу помасовните со 74 нови вработувања. Раководството се правдаше дека огласот што е распишан е за пополнување на работните  места на лицата на кои им завршил договорот. Останатите беа вработени во секторот за контрола на сообраќајот. Но тоа не е се. Ова јавно претпријатие ќе освен овие 99 вработувања ќе побара дозвола за нов оглас каде ќе се бараат дополнителни 14 нови вработувања.

Платата што ќе ја примаат овие лица воопшто не е мала. Според огласот кој е објавен за портпаролот и за правниците, платата е 33.540 денари, додека техничкиот секретар ќе зараобтува 24.752 денари.

Намерата на СДСМ е многу јасна, а тоа е на местото на луѓето што се вработени со договор за привремено вработување да се донесат нивни партиски послушници и затоа новото раководство речиси на никој не им ги има продолжено договорите. Но ова претпријатие не е исклучок. Речиси и да не постои институција каде договорите за привремено вработување не се прекинати. Само во ЈСП се прекинати 250 договори, во општина Карпош 150 итн. Списокот е навистина долг. Дека се вработуваат партиски кадри потврди и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски. Тој рече дека старите договори се прекинуваат и дека веднаш се распишуваат нови се со цел да се вработат членовите на СДСМ.

Додека беа во опозиција речиси и да немаше ден дека администрацијата е партизирана дека се злоупотребува за партиски цели дека има превработеснот. Се држеа прес конференции се вадеа наводни “докази“ се збореше дури и во предизборниот период дека ситуацијата ќе се среди. Им требаше само 8 месеци на Заев и на СДСМ да почнат да се однесуваат со администрацијата како со приватна фирма. Речиси и да не помине ден а да не се распише оглас за врабоување на нивните партиски кадри на секоја позиција и во било која институција.

Сепак “Животот“ дојде, но само за одбраните и партиски кадри на СДСМ.

Најнови вести

Коронавирус