среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се покажа дека власта манипулира: Не е обезбедено потребното мнозинство за имплементирање на договорот со Грција

Се покажа дека власта манипулира: Не е обезбедено потребното мнозинство за имплементирање на договорот со Грција

Советникот на СДСМ од општина Куманово, Владимир Павловски денеска на Фејсбук напиша дека власта обезбедила 80 пратеници за изгласување на договорот со Грција во Собранието.

-Се, се може, кога се сака. Обезбедени 80 + пратеници за Европска Македонија !!!, напиша Павловски на својот Фејсбук профил.

Дека станува збор за манипулација со граѓаните од страна на власта, денеска на прес конференција во Владата по вонредната владина седница за договорот со Грција, потврди портпаролот Миле Бошњаковски.

На прашање дали е обезбедено двотретинско мнозинство, Бошњаковски кажа дека очекува пратениците во Собранието да го следат гласот на народот, тоа што граѓаните го одлучиле на 30-ти септември.

-Документот оди во Собрание, очекуваме дека веќе од утре ќе почнат со работа пратениците и дека ќе се изјаснат, изјави Бошњаковски.

Тој кажа дека дали ќе има двотретинско мнозинство ќе се види после расправата во Собранието на Република Македонија, кога за истиот ќе се гласа.

Коронавирус