недела, 19. јануари 2020. Вести денес: 83
home Вести

Се поголем број ученици во Словенија сакаат да го научат македонскиот јазик

Се поголем број ученици во Словенија сакаат да го научат македонскиот јазик

Расте борој на ученици во Словенија кои сакаат во основните училишта факултативно да го учат македонскиот јазик. Ако лани беа десетина, оваа година бројот на пријавени деца е зголемен, па во овој момент 56 основци од седум градови во Словенија го учат македонскиот јазик, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Најголем дел тоа се деца на нашинци кои живеат и работат во Словенија, но интересен е фактот што оваа година  првпат се запишале и ученици Словенци, кои сакаат да го запознаат и научат македонскиот јазик, а со тоа и македонската култура. Мотивот е најчесто пријателство, односно нивните другарчиња се Македонци.

Часовите ги држи наставничката Снежана Катарова, која неделно патува во седум различни градови да држи часови. Поради се поголемиот број ученици заинтересирани за учење македонски јазик, од Министерството за образование и наука на Северна Македонија веќе се побарани средства за ангажирање на уште еден наставник.

Амбасадата на Република Северна Македонија во Словенија, денеска организираше новогодишен прием за деcата кои учат македонски јазик. Амбасадорката Сузана Зеленковска им ги даде новогодишните пакетчиња, а тие за возврат направија мала новогодишна приредба.