понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 120
home Вести

Се подготвува нов рекорден договор за учебници во 2019-та: Во четири очи планирани се над 11 милиони евра

Се подготвува нов рекорден договор за учебници во 2019-та: Во четири очи планирани се над 11 милиони евра

Во две набавки, без објавување на претходен оглас туку во преговори, Министерството за образование и наука и годинава ќе ги купува учебниците за основно и средно образование. Ова стои во планот за јавни набавки за годинава кој министерот Арбер Адеми го потпишал пред неколку дена. Само овие две набавки вредат вкупно 680 милиони денари што ќе ја направи оваа институција, повторно, меѓу тие кои се најголеми потрошувачи на годишно ниво. Проценето е учебниците за основно образование да чинат 586 милиони денари, додека тие за средно образование 92 милиони денари. И двете набавки во четири очи се планирани во текот на мај и јуни, објави порталот ФАКТОР.

-Инаку годинава планираните јавни набавки на Минситерството се во вкупна вредност од над 1,2 милијарди денари. Тоа значи дека повеќе од половина од вкупно планираната сума за јавни набавки се предвидени за учебници. Рехабилитација на основни и средни училишта со 75 милиони денари е на трето место, а понатаму планирани нови договори според висината на сумата е набавката на интернет за пренос на податоци од училиштата и средните домови (30 милиони), опремување на лаборатории на основните училишта (31,43 милиони денари), санација на мензата во студентскиот дом „Гоце Делчев“  (27 мил.), довршување на фискултурна сала во ОУ во село Дебреше (32 мил) и реконструкција на земјоделското училиште Кочо Рацин (30 мил.) итн, пишува порталот.

Министерството за образование и наука лани пред почетокот на тековната училишна година склучи десетици зделки во четири очи за набавка на учебници. Системот за Јавни набавки објави 27 договори во кои како договорен орган стоеше Министерство за образование и наука и во овие огласи како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка за откуп на учебници преку постапка со преговарање без претходно објавување на оглас со вкупна вредност на договорите од речиси 7,5 милиони евра. Вкупно државата преку Министерството за образование платила 16 милиони евра за учебници и дополнителен дидактички и работен материјал, покажуваат официјални податоци од тендери објавени во 2016 година, 2017 година и лани.

Целата вест прочитајте ја на ФАКТОР

Коронавирус