вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се плаши ли СДСМ од Македонската заедница во Малта и воопшто од моќта на дијаспората?

Се плаши ли СДСМ од Македонската заедница во Малта и воопшто од моќта на дијаспората?

На вчерашното тв гостување на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев обелодени дека постигнале договор со СДСМ за можноста да се гласа и на места каде има Македонци, но нема ДКП на што СДСМ подоцна се предомислиле и го отфрлиле овој предлог. Зачудува ваквиот ингнорантски однос на владеачката партија, ако се земе во предвид дека ЈАВНО особено министерот задолжен за дијаспора Едмонд Адеми се залаагаат за продлабочување на соработката на Македонските иселеници со Македонија, велат од Македонската заедница во Малта.

-Ние, како заедница веќе подолг период бараме да ни се обезбедат услови за да видеме активно вклучени во гласање. Иако премиерот Зоран Заев при неговата посета во Малта пред две години ВЕТИ дека во скоро време ќе се отвори амбасада, па со тоа ќе имаме и услови за гласање во Малта, до ден денес тоа не се случи. Дали овие лажни претставувања на двоецот Заев-Адеми имаат за цел само разнебитување на Македонскоти иселеништво, притоа глумејки лажна посветеност за истата? Зошто сеуште не е исполнето ова ветување на Заев за отварање на амбасада во Малта, ако се знае дека бројката на Македонци кои живеат и работат овде се движи некаде околу 5000-6000 илјади наши граѓани? Дали Македонската заедница во Малта е жртва на политичките калкулации на овие двајца несреќници кои единствена цел не им се Македонските граѓани во иселеништво туку само ним добро познатите тендер бизниси и останување на власт?

Јавно го повикуваме целокупното Македонско иселеништво да застане зад идејата да се овозможи гласање и онаму каде што нема ДКП.

Почитуван премиере и министер задолжен за дијаспора, дозволете целосно гласање во дијаспората само така ќе може да докажете дека навистина дијаспората стои позади вас и навистина сте направиле нешто за неа. Се останато ќе го сметаме како јасно изразен страв од Македонците кои живееат во иселеништво!, потенцираат од Македонска заедница во Малта.

Коронавирус