сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 0
home Вести

„Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ?“

„Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ?“

Се плашат ли Ковачевски и Спасовски дека ДУИ ќе излезе од влада, па молчат за пукањето на заменик директорот на БЈБ, ова денеска преку соопштение до јавноста го прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Според информациите кои ги објавија медиумите, Ариф, заменик директор на Бирото за јавна безбедност, придружуван од уште едно лице по меѓусебна расправија со началникот на ЕБР Чаир, Едмонд Миртезани, се пресметале со пукање од огнено оружје. Зошто случајот и три дена откако се случил се уште не е расчистен. И зошто не се преземени мерки за суспендирање на заменик директорот на БЈБ? Дали Спасовски и Ковачевски се плашат од ДУИ и само за да не излезат од влада, се спремни да премолчат секаков криминал и скандал? Спасовски исто како и Ковачевски е заробеник на ДУИ и желбата за власт, велат од партијата.

Од таму додаваат дека Македонија со СДСМ само губи. Затоа потребни се предвремени парламентарни избори час поскоро.

Коронавирус