понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 94
home Вести

Се отвораат кината и театрите, ќе работат според посебен протокол

Се отвораат кината и театрите, ќе работат според посебен протокол

На денешната седница Владата донесе одлука во согласност со која театрите, кината, операта и балетот ќе работат според Протоколот за организирање настани.

„На предлог на Комисијата за заразни болести денеска Владата ги усвои и Протоколот за работа на природните лекувалишта за услови на здравствена криза, како и Протоколот за работа на едукативните центри, музички училишта и центри/училишта за странски јазици во услови на појава на болеста“, соопштија од владината прес-служба.

Со оваа одлука се опфатени и другите манифестации со филмски проекции, мултимедиумските проекти, фестивалите и други манифестации од дејноста на културата.

Коронавирус