среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се огласи Зоран Заев по врачување на мандатот

Се огласи Зоран Заев по врачување на мандатот

Чест и одговорност ми е што денеска од страна на претседателот Стево Пендаровски го добивам мандатот за составување нова демократска, политичка, одговорна, европска Влада, со институции кои уште повеќе и уште подобро ќе им служат на граѓаните.

Пред македонското Собрание ќе испорачам предлог за Влада составена од квалитетни, одговорни и отчетни кадри, која е решена и која силно ќе се бори со криминалот и корупцијата на сите нивоа, а особено внимание ќе посветиме на делот за прочистување на правосудството и на проверката на потекло на пари кај секој функционер.

Програмата на Владата во најголема мера ќе биде посветена на новата македонска економија каде главни принципи се: платите да продолжат да растат, да вложуваме во младите и во рамномерниот регионален развој, да водиме посебна и уште поголема грижа за најсиромашните граѓани и да даваме постојана поддршка на домашно стопанство.

Северна Македонија ќе добие Влада која го следи јасниот правец за кој е определено големото мнозинство граѓани – тоа е европскот пат, патот на економијата и правдата, патот до просперитет и долгорочна стабилност. Ќе водам Влада која не знае за скршнување од патот кој после членството во НАТО води до членство во Европската Унија.

Ќе водам Влада која во целост ги почитува Договорот од Преспа со Грција, Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија и Охридскиот рамковен договор.

Коронавирус