петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 100
home Вести

Се огласи сопругата на ди-џеј Ицко кој почина од коронавирус: „Немам зборови, нема утеха за твојата загуба“

Се огласи сопругата на ди-џеј Ицко кој почина од коронавирус: „Немам зборови, нема утеха за твојата загуба“

На 48-годишна возраст синоќа почина Ристо Меловски или познат како Ди-џеј Ицко. На социјалните мрежи има голем број на објави од негови познаници, колеги и пријатели.

Најголемата болка ја чувствува неговата сопруга Наташа Меловска, која на социјалните мрежи се прости од својот сакан.

-Немам зборови, нема утеха за твојата загуба. Ти благодарам што ми беше другар, сопруг, пријател, родител за пример и другар со голем Д за сите. Празнината секогаш ќе боли, но среќни сме затоа што беше дел од нашиот живот. Те сакам и секогаш ќе те сакам душичке моја, љубов моја.

-Ти благодарам за секој прекрасен момент, за тоа што секогаш знаеше да ме насмееш и орасположиш. Тешко е но морам да продолжам понатаму заради тебе, бидејќи ти беше човек кој секогаш одеше напред, морам и заради нашите деца, бидејќи ти веруваше во мене.

-Ќе излеземе на прав пат не се секирај и не се соменвај, бидејќи ти секогаш ќе внимаваш на нас, знам. Нека ти е светол патот кон вечноста, напиша Наташа.

Неговите колеги, пријатели и соработници уште рано утрово започнаа да споделуваат фотографии со познатиот диџеј, преку кои жалат за прерано згаснатиот живот.

Ицко ќе остане запаметен како еден од луѓето кој допринесе за развој на македонската електронска сцена.

Коронавирус