петок, 4. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Се огласи прободениот полицаец Филип: Оној кој го виде Александар кога проба да ме убие да излезе и да ја каже вистината

Се огласи прободениот полицаец Филип: Оној кој го виде Александар кога проба да ме убие да излезе и да ја каже вистината

Полицаецот Филип Филиповски, кој беше прободен со нож во ноќен клуб во село Марино бара помош од сведоци да се расчисти случајот со инцидентот, по кој изгуби бубгер и слезина. Татко му и најблиските додека бараат посебни лекови и вакцини кои ги нема во државава тој на социјалните мрежи побара помош сведоците на неговото бодење да се јават и да ја кажат вистината. Осомничени се две момчиња кои се синови на функционер од МВР.

-Ќе ве замолам до сите присутни на вечерта кога бев избоден на влезот од дискотеката на било кој што го виде како Александар крвнички ме боде и проба да ме убие, да излезе заедно со мене и да помогне да даде изјава, да ја каже вистината што се сличи. Не барам ништо повеќе. Затоа што ова може да му се случи на било кој од вас, знам дека сте прод притисок и чисто ве замолувам ако има некој таков помогнете ми злосторниците да си ја добијат правадата, доколку било кој од вас а верувам дека има многу што го видеа настанот сака да придонесе злосторниците да си го добијат заслуженото нека ми пише слободно – напиша Филип на Фејсбук.

Најнови вести

Коронавирус