недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 22
home Вести

Се огласи МВР за случајот во Струмица

Се огласи МВР за случајот во Струмица

Ве известуваме дека на 29. 04.2020 година, постапувајќи по План и задачи за непочитување на Одлуката на Владата за забрана за движење, во 22,30 часот, во Струмица, на ул:“Ѓорги Трајков’ од страна на полициски службеници од СВР-Струмица, биле затекнати 11 лица и поголем број на пакети со непозната содржина.

Од страна на полициски службеници лицата се легитимирани по што е констатирано дека дел од лицата поседуват дозволи за движење на вработен поради вршење на сменска и ноќна работа издадени од Здружение за хуманитарни цели “Сите заедно можеме“ а дел од лицата поседуват Известување издадено од Општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица на 10.04.2020 година.

По овластување на дежурен јавен обвинител извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа при СВР-Струмица и со Потврда за привременио одземени предмети се одземи предметните дозволи и известувања со цел проверка на веродостојноста на истите.

По насоки за постапување од јавниот обвинител дадена е Наредба на полициски службеници физички да се обезбедуват пакетите со непозната содржина се до моментот на доставување на целокупната документација за истите од страна на Здружението за хуманитарни цели “Сите заедно можеме“.

Приведени лица во ПС од ОН- Струмица нема.

На 30.04.2020 година 3 лица се повикани на разговор во СВР-Струмица, по обавен службен разговор лицата си заминале од СВР-Струмица.

Во моментот се работи на целосно расчитување и документирање на случајот во координација со ОЈО-Струмица.

Интегрално соопштение на МВР

Коронавирус