четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Се огласи министерството за здравство, кривична пријава за насилство против таткото кој обелодени дека му го нема бебето

сакаме да информираме дека е поднесена пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката“, стои во соопштението на министерството.
Се огласи министерството за здравство, кривична пријава за насилство против таткото кој обелодени дека му го нема бебето

Откако родители обелоденија дека нивното бебе е загубено и никој не им дава да го видат, се огласи и Министерството за здравство. Од таму велат дека поднесена е пријава за насилно однесување против семејството на родилката.

„Министерството за здравство категорично ги отфла информациите пласирани во јавноста дека исчезнало бебе на Клиниката за гинекологија.

Министерството ја информира јавноста дека бебето и мајката се на Клиниката за гинекологија и нивната здравствена состојба е добра.

Истовремено, сакаме да информираме дека е поднесена пријава до МВР за насилно однесување против семејството на родилката“, стои во соопштението на министерството.

Детали за скандалот прочитајте на следниов линк

НОВ СКАНДАЛ ЈА ТРЕСЕ СКОПСКА ГИНЕКОЛОГИЈА: Родители обвинуваат дека им го нема бебето и дека биле малтретирани од пијан вработен

Коронавирус