вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 157
home Вести

Министерството за правда не го интересира КОРОНАВИРУСОТ: Сите судења ќе продолжат, Дескоска ја избра партијата наспроти здравјето на народот!

Министерството за правда не го интересира КОРОНАВИРУСОТ: Сите судења ќе продолжат, Дескоска ја избра партијата наспроти здравјето на народот!

Следејќи ги препораките со цел зголемена заштита на странките во постапките, Министерството за правда препорачува продолжување на судските постапки со зголемено ниво на претпазливост.

-Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство. Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење на други  можности за информирање, како видео пренос и слично. Исто така очекуваме во судовите и јавното обвинителство да се почитуваат сите останати мерки кои до сега ги препорача Министерството за здравство и Владата на Република Македонија, порачуваат од Министерството за правда.

Претходно, министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција посочи дека судот е место каде што секојдневно има голема фрекфенција на луѓе и најави дека по состанокот со министерката за правда, Рената Дескоска ќе биде соопштена одлуката, дали ќе има одложување и на судењата.

-Судот е место кое навистина циркулираат голем број на луѓе, ќе разговараме со министерката за правда и дополнително ќе донесеме одлука како ќе постапиме во тој дел и ќе ја соопштиме одлуката, изјави Филипче.

Покрај мерките на Владата и на Министерството за здравство судските постапки и закажаните судења се одржуваат во полни судници.

Ова беше многу реално барање на Филипче, особено што доаѓа во толку битен момент во битката со коронавирусот, толкуваат познавачите за Курир.

Вистинскиот проблем беше дали министерката Дескоска ќе се одважи да реагира исправно и во полза на граѓаните, или сепак, ќе игра според потребите на партијата? Резултатот го видовме, Дескоска ја одбра партијата.

Јавна тајна во Македонија е  дека т.н. Кацарска судство е докажана и непримерна алатка на СДСМ за пресметка со политичките неистомисленици во државата. Ова во комбинација со Рускоска обвинителетвото стана силен белег на македонскиот правосуден систем во изминатите три години.

Во случај Дескоска да постапеше исправно и да ги прекинеше судењата кои можат да станат извор на зараза со коронавирусот, таа ќе се контрираше со стратезите на СДСМ кои со помош на машата наречена Кацарска судство, успејаа предизборно дури да покренат и нови процеси, како оној за лицата кои наводно го „организирале“ 27 април, наспроти голата вистина дека местенката од дотичниот датум беше во директна организација на СДСМ, кои и беа провокаторите и причинителите на упадот, за да го забрзаат доаѓањето на власт.

Конкретен случај во кој СДСМ покажа дека Кацарска судството не признава борба со коронавирус вчера беше случајот „Титаник“ на СЈО.

Токму „Титаник“ го отвори прашањето далие е етички судија насила да приведува сведоци, доколку тие се изјаснат дека се плашат за своето здравје и поради коронавирусот не се чувствуваат добро во судница со толку луѓе околу себе? Во конкретниот случај, не зборуваме ниту за обвинети, туку сведоци кои со оглед на ситуацијата со коронаавирусот во Македонија се уплашени за себе и своето семејство?

Оваа морална дилема се отвори откако вчера петмина сведоци на Основното јавно обвинитество во случајот „Титаник“ го известија јавниот обвинител дека поради новонастанатата состојба со коронавирусот нема да дојдат да сведочат.

Курир пренесе и веродостојни извори дека дури и обвинителката била остро против стражарно приведување на сведоците, но судијата не попуштил. Информациите укажаа и дека ситуацијата е уште покомлицирана со фактот што близок роднина на еден од обвинетите е во карантин, односно е еден од здравствените лица од клиниката за кожни болести. Друг проблем е и што еден од адвокатите во Титаник  деновиве бил во Франција, која е на листата ризични земји со повеќе случаи на заразени со коронавирусот.

Меѓу обвинетите и меѓу сведоците во „Титаник“ има и стари лица, кои се дел од високоризичната група за коронавирусот. Но ништо од ова не му било доволно на судијата, кој и покрај инсистирањето на обвинителката да не се приведуваат сведоците за следното рочиште, останал на својот став.

Сите горенаведени аргументи, и здравствени и етички, не беа добро образложение за судијата, кој видно растревожен наредил полиција да ги донесе сведоците за следниот пат. Според оние кои ја посведочиле неговата реакција, кога го слушнал ова објаснување, судечкиот судија Осман Шабани се изнервирал и дал наредба за следното рочиште тие стражарно, со полициска придружба да бидат спроведени во судница.

Дали целата прикаска се сведува на политика, т.е. политички притисок, кој според познавачите на состојбите последните години стана „добар ден“ во македонското судство и обвинителство? Ова  е еден од најважните „ветри во едро“ за владата на заминување, за која ова беше еден од првите случаи кои сега притворената „рекетарка“ Јатица Јанева, тогаш како специјален јавен обвинител, го отвори против раководството на тогашното ВМРО-ДПМНЕ.

Обвиненијата се темелат на индиции и незаконски снимени телефонски разговори, нема конкретни докази, а случајот не бадијала се тегне повеќе од три години.

Реалниот проблем на Дескоска, која доколку не се водеше од партиски, туку од национален интерес во битката со коронавирусот е што пред изборите, власта притиска по секоја цена да се продолжи овој случај и случаите со кои и натаму во познат манир треба да се каља и обесчестува опозицијата, затоа што ова се политички инструирани случаи со кои актуелната влада треба да ги потсетува граѓаните на „режимот“, самозамислен во нечии глави, апстрактна именка која според познавачите и пи-ар стартезите ќе биде и е еден од основните столбови на предизборната кампања на СДСМ. Во недостиг на резултати освен сменето име и Устав, СДСМ ќе го „плаши“„ народот со наводно враќање на уште понаводен режим.

Очигледно, министерот Филипче не бадијала јавно најави дека ќе се консултира со Дескоска, и самиот свесен дека неговата маленкост не може самостојно да задира во толку осетливо, партиско прашање. Особено не на точно еден месец пред изборите, кога неговата партија тера кампања за да не се гласа за ВМРО-ДПМНЕ, затоа што така наводно така ќе го врателе „режимот“, помогнати од судовите кои им даваат „ветер во едра“ и потестуваат на ретро прикаски од минатото?

Логичкото прашање е зошто додека светот се бори со коронавирусот и на секој начин превенираат жаришта кои можат да бидат извор на зараза, кај нас политиката и партиските интереси на СДСМ се посилни од здравјето на граѓаните?

„На потег е Дескоска – ќе реши во полза на граѓаните или во корист на кампањата на СДСМ?“ Прашавме кога Филипче најави дека ќе бара изим од Дескоска за да ги прекине судењата за доброто на граѓаните.

Резултатот го видовме…

Коронавирус