вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 102
home Вести

Се огласи македонското здружение Италија: СДСМ сака Македонците од дијаспората да не гласаат, за да ги исполнат своите антинационални планови!

Се огласи македонското здружение Италија: СДСМ сака Македонците од дијаспората да не гласаат, за да ги исполнат своите антинационални планови!

Централниот совет на Македонското Здружение Италија најостро протестира поради игнорирањето и нетранспарентноста на Владата на Република Македонија во условите на дијаспората со тие во Република Македонија во остварувањето на избирачкото право на престојните предвремени парламентарни избори.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение: 

Централниот совет на Македонците од Македонско Здружение Италија потсетува дека секој македонски државјанин со наполнети 18 години живот стекнува свое избирачко демократско право, кое е уставно загарантирано и еднакво како во сите демократски земји кај владее законот,правдата и демократијата, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање, освен за лицата на кои им е одземена деловната способност и се во присуство на свој член од својата фамилија.

Централниот совет на Македонците од Македонско Здружение Италија укажува дека државата и владата на Република Македонија е должна секому да создаде еднакви услови за остварување на избирачкото право, независно од местото на живеење во Република Македонија или надвор од неа.

Централниот совет на Македонците од Македонското Здружение Италија исто така протестира за нееднаквите услови и права за остварување на избирачкото право за македонските државјани надвор од Република Македонија со условите за избирачите во Република Македонија и бара бришење на цензусот за валидност на изборите за македонските државјани надвор од Република Македонија во седмата изборна единица, како што не постои ниту за избирачите во Република Македонија, односно да се избришат ставовите (3), (4), (5) и (6) од членот 4 на Изборниот законик на Република Македонија.

Централниот совет на Македонците од Македонско Здружение Италија бара да прекине праксата македонските државјани надвор од Република Македонија за секои претседателски и парламентарни избори повторно да се пријавуваат за упис во посебниот избирачки список за седмата изборна единица! Во најмал систем или рака еднаш запишан во посебниот избирачки список за седмата изборна единица да остане за сите парламентарни и претседателски избори, се’ додека не поднесе пријава за промена на изборната единица во избирачкото место според последното место на живеење во Република Македонија.

Централниот совет на Македонците од Македонско Здружение Италија бара државната изборна комисија да организира електронско гласање за македонските државјани надвор од Република Македонија, имајќи предвид дека гласачките места во дипломатско-конзуларните претставништва се оддалечени повеќе од 300 до 500 километри од најоддалечената адреса, најчесто со стотици и илјадници километри што го прави невозможно остварувањето на избирачкото право!
Со тоа ке им се овозможи на македонската дијаспора да гласаат во најмала рака и секоја народна партија која е во интерес на државата ке биде во самиот прилог и рацете на дијаспората.

 

Дијаспората е јадрото,клучот,ланецот и промоторот на дел од економијата во Република Македонија од кои 60/70% се повракаат во летниот и зимниот период и својата заштеда ја оставаат во самата матична земја. Поради ова, Централниот совет на Македонците во Италија бара поништување на ставот (2) од членот 166 на Изборниот законик. Електронското гласање за македонските државјани надвор од Република Македонија ќе ги анулира патните и дневните трошоци за гласачките одбори и гласачките места во дипломатско-конзуларните претставништва. Електронското гласање е целисходно и за македонските државјани во Република Македонија во услови на вонредни мерки поради пандемијата и случајот со корона вирусот.

Централниот совет на Македонците во Италија бара изменувања на изборниот законик поради создавање еднакви услови за остварување на избирачкото право на македонските државјани надвор од Република Македонија и избирачите во Република Македонија! Централниот совет на Македонците во Италија протестира бидејќи овие омаловажувања и игнорирања за македонските државјани надвор од Република Македонија се повторуваат на секои парламентарни и претседателски избори.
Оваа е надвор од сите гледни точки во оваа демократско општество кој се нарушува избирачкото право. Централниот совет на Македонците во Италија, истовремено, изразува огорченост од најавата на државната изборна комисија, дека македонските државјани во странство кои ги има на избирачкиот список, а сакаат да се вратат да гласат во Република Македонија за предвремените парламентарни избори, веројатно ќе треба да бидат во карантин 14 дена,што бара посебни услови за гласање кои не подлежат на импровизации.

Со таа мерка ситуацијата е очигледна и показателот дека СДСМ е спремна за избори со тоа што според наши сознанија сакаат да коалицираат со сите албански партии дури и ДУИ за конечна и завршна фаза на федерализација на Република Македонија.

Затоа браќа Македонци, во овие избори треба да го оставиме балансот кој е кој и да не лебдееме во облаците како победници. Туку да се збратимиме сите до еден и да не дозволиме повторен пораз како и досега со нашето разобединување.Оваа е последна надеж и фаза да опстанеме како нација и треба да бидеме масовни до максимум. Се гледа и не треба да бегаме од реалноста, мнозинство без обединување нема да има никој освен СДСМ со албанските партии кои им и целта таа како и досега.

Тие не се за чување на македонското семејство како домакини или татковци, доколку беа ќе знаеја како се чува фамилија, држава и нација.

Централниот совет на Македонците во Италија бара повторување на сите изборни дејствија поради нов датум за одржување на изборите, ажурирање на избирачкиот список и право на глас за сите кои од 12 април 2020 година до денот на одржувањето на изборите ќе станат полнолтени, но и бришење од избирачкиот список на сите кои од 12 април 2020 година до денот на одржувањето на изборите починале.

Со почит кон сите Македонци во целиот свет, македонската техничка влада и Државната изборна комисија на Република Македонија.

 

 

Коронавирус