среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 67
home Вести

Се огласи мајката на младиот гениј Дамјан: Еве што им порача на министерката Царовска и општина Штип

Се огласи мајката на младиот гениј Дамјан: Еве што им порача на министерката Царовска и општина Штип

Мајката на осмоодделенецот Дамјан Давков, ученикот на кој не му беше доделена наградата за освоено прво место по математика од страна на Министерството за образование и наука, со образложение „дека се натпреварувал со средношколци“, се огласи на Фејсбук.

Вели дека искажаното на ресорната министерка Мила Царовска дека виновник е Сојузот на математичари на Македонија што го испратиле нејзиниот син да се натпреварува со средношколци- не е аргумент.

-Внимателно го прочитав официјалното соопштение на МОН и јасно беше на што алудира Министерката, што го потврди и на вчерашната емисија на Канал 5. Вината да се префрли на СММ затоа што дозволиле ученикот да учествува. Не е точно дека на натпреварите за средно може да учествуваат САМО ученици од средно. Зборот САМО го нема. Јасно е и зошто. Тоа би бил апсурд. Имено, секој што е во образование знае (би требало да знае) дека како и во спортот, така и во науката никаде во светот не е забрането помал ученик да учествува во категорија со поголеми ученици. За информација, на Светската олимпијада по математика – ИМО најмладиот учесник знам дека имал 11 години (можеби имало и помал). На ИМО 2020 Дамјан и уште 2-3 деца со 12 години беа најмалите учесници, а Дамјан е најмалиот учесник од Македонија што учествувал на ИМО. За да биде дел од тимот ученикот треба да ги помине сите натпревари, општински, регионален и државен за учениците од средно образование, како и селекциониот натпревар за Светската олимпијада.
Што се однесува до тоа општината да исплати награда, воопшто нема никаква поврзаност со наградата од Државниот натпревар и затоа нема потреба од такво нешто. Си има кога општината да награди. Не сега, не вака.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија