четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Се огласи граѓанинот кој беше нападнат од пратеникот на СДСМ Благојче Трпески: „Тато зошто чичкото ни ја искрши колата и те удри“

Се огласи граѓанинот кој беше нападнат од пратеникот на СДСМ Благојче Трпески: „Тато зошто чичкото ни ја искрши колата и те удри“

Откако вчера пратеникот на СДСМ од Гостивар, Благојче Трпески,  по гостиварските улици делел правда преку социјалните мрежи се огласи и нападнатиот граѓанин на Гостивар.

Имено како што вчера објави НетПрес, физички бил нападнат граѓанин на Гостивар кој со своето малолетно дете го паркирал автомобилот. Освен физичкиот напад, на граѓанинот му е искршено и ветробранското стакло на автомобилот од страна на пратеникот.

Сето тоа се случувало пред очите на малолетно дете, а целиот случај тој го раскажа во својот статус на Фејсбук.

-Згрозен и огорчен од денешните случувања….
Повик до сите надлежни институции да си ја завршат својата работа онака како што доликува.
Денес сум јас со моето дете,утре можеш да бидеш баш ти….
Кршењето на автомобил и удирање на својот татко пред очите на своето дете поради тоа што треба да почекаш некоја минута за да поминеш со твоето возило, е далеку од нечовечност,без разлика дали си пратеник или некаков функционер…
Никој не смее да се повика на својот имунитет кој е даден од народот,за да вербално и физички напаѓаш свој сограѓанин.
Испраќам апел до сите институции барем еднаш да застанат позади обичниот граѓанин и да го расветлат целосно случајот.
ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА
ДА НЕ СЕ ОБИДУВАТЕ ДА ГО ПРИКРИЕТЕ СЛУЧАЈОТ….
……Секој збор на мојата ќерка е :
Тато,зошто чичкото ни ја искрши колата и зошто те удри….
Е баш поради ова ќе има одговорност
Децата се секогаш на прво место…
#Правда #Одговорност, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Коронавирус