недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Се одржа трилатералната средба „Краиште 2018“

Се одржа трилатералната средба „Краиште 2018“

На месноста Голеш, на тромеѓето помеѓу Република Македонија, Република Србија и Република Бугарија,во текот на вчерашниот ден, на големиот христијански празник Петровден се одржа традиционалната средба „Краиште 2018“.

Манифестацијата има за цел зближување на луѓето од трите страни на границата и се одржа по 14 –ти пат.

На настанот присуствуваа градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, градоначалникот на Босилеград, Владимир Захариев, митрополитот Кумановско-осоговски г.Јосиф, градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменовска, претставници на Регионален центар за гранични работи Север и Регионален центар за гранични работи Исток, претставници од СВР Куманово, претседателката на Совет на општина Крива Паланка.
Како што посочија од локалната самоуправа на Крива Паланка, во обраќањето Мицевски ги пренесе поздравите од граѓаните на Македонија.

– Граѓаните од Македонија им се бескрајно благодарни на пријателите кои живеат на овие простори од другата страна на границата. Македонија испишува нова страница на овие балкански простори заедно со вас, затоа што во време додека Бугарија беше претседател со ЕУ добивме покана за членство во европското семејство, вчера добивме покана за НАТО, се отвора можност да аплицираме за средства од програмата на ИПА со Република Србија. Сè на сè, границите на овие простори стануваат формална работа, а сите ние ќе можеме да продолжиме да соработуваме многу повеќе во следниот период, порача Мицевски.

На средбата присуствуваа голем број граѓани, жители на пограничните места, од Крива Паланка, Ќустендил и Босилеград, а настанот беше придружен со богата културно-уметничка програма.

(Миа)

Коронавирус