недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 73
home Вести

Се одложи рочиштето за Монструм, во судницата не се појави обвинетиот Азири

Се одложи рочиштето за Монструм, во судницата не се појави обвинетиот Азири

Обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски ќе се обидат да ја разоткријат мистеријата околу петкратното убиство во 2012 година што се случи кај Смилковското езеро. Денеска во Кривичниот суд се одржува првото рочиште откако предметот го презеде СЈО, пишува Фокус.

Сепак, денешното рочиште ќе се одложи бидејќи во судницата не се појави обвинетиот Фејзи Азири, кој според неговиот адвокат вчера бил хоспитализиран.

-Обвинителката Феати истакна дека Специјалното обвинителство е спремно и дека денеска очекувале да почнат. Таа реагираше на отуството на обвинетиот Азири бидејќи само со едно писмо, без медицинска документација за неговата дијагноза, адвокатот Насер Рауфи се обиде да го оправда неговото неприсуство, пишува Фокус.

Судијата Огнен Ставрев реагираше дека за отсуството на обвинетиот требало да добијат известување од Штипскиот затвор, каде Азири издржува затворска казна. Наредното рочиште за „Монструм“ е закажано за 15 мај.