недела, 28. ноември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Се очекува поскапување на струјата, ВМРО-ДПМНЕ нуди намалување на ДДВ-то од 18 на 5% на електричната енергија

Се очекува поскапување на струјата, ВМРО-ДПМНЕ нуди намалување на ДДВ-то од 18 на 5% на електричната енергија

Се очекува поскапување на електричната енергија во Република Македонија, а причината за тоа АД ЕЛЕМ и АД МЕПСО станаа загубари и натрупаа милионски долгови. Имено, државните електрани на крајот на март годинава должеле кон сите доверители, каде влегуваат и приватни фирми, но и институции од јавниот сектор, односно во бројки 6.079.544 евра.

Во 2017 година АД ЕЛЕМ беше во одлична техничка и финансиска состојба, со реновирана главна опрема во термо и хидро централите, со финансиска резерва од 20 милиони ЕВРА, без долгови кон никого и сите финансиски обврски према странски и домашни доверители исполнети, а во моментов оваа компанија ги истрошила сите ресурси и затоа се очекува и поскапување на електричната енергија, со што власта како и секогаш порано ќе удри врз грбот на граѓаните.

Дека се очекува поскапување на струјата неодамна во едно интервју потврди и премиерот Зоран Заев. Тој нагласи дека граѓаните треба да знаат дека сите инвестиции кои државата ќе ги прави во фотоволтаици, ветерници, гасни централи ќе чинат пари.

-Сакаме зелена енергија, ќе поскапува и цената на струјата. Развиваме програми во кој што ќе создадеме фонд за обновливи извори. Следуваат сериозни предизвици, климатските промени си го носат своето, мора да бидеме составен дел од светот, имаме амбиција рамо до рамо со ЕУ, па дури и да бидеме порано од нив во делот на затворењето на РЕК Битола, Осломеј – рече Заев.

ВМРО-ДПМНЕ исто така во 2017 година на новата Влада предводена од СДСМ и Зоран Заев му остави готови и спремни проекти за реализација на санација на електростатските филтри во РЕК Битола со затворена финансиска конструкција, готови проекти за решавање на проблемот со десулфуризација на издувните гасови, објавен тендер за помошна рударска механизација за РЕК Битола, модернизирани генератори, турбини и два котли во РЕК Битола, откриен јаглен за непречена работа на РЕК Битола за следните 7 месеци, одобрена физибилити студија и средства за рехабилитација на трета фаза на големите хидроцентрали, завидна резерва на вода во акумулациите за работа на хидроцентралите и многу други проекти, но недомаќинското работење на власта државните електани станаа загубари, а цената за неодговорноста на надлежните и одговорни лица треба да ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ и овој пат нуди друго решение, односно намалување на ДДВ-то од 18% на 5%, а на сметка на електричната енергија, а со цел да да се намали и ценовниот шок од поскапување на струјата, од која најмногу ќе бидат засегнати граѓаните.

Коронавирус