недела, 25. август 2019. Вести денес: 22
home Вести

Се најавува силно невреме во Македонија

Се најавува силно невреме во Македонија

УХМР информира дека од Албанија кон нашата земја навлегува поголема нестабилна воздушна маса од која има појава на пороен дожд и грмежи во подрачјето од Шар Планина, Маврово, преку Полог, па се до Скопската котлина.

Нестабилност има и во Мариовско, потоа во околината на Радовиш и на Струмица Процесите се преместуваат од запад кон исток.

Следните денови ќе се задржи променливо и посвежо време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат проследени со грмежи.

Денеска времето ќе биде претежно облачно и посвежо со повремен дожд, посебно на југозапад каде се очекуваат пообилни врнежи проследени со грмежи.

Ќе дува и слаб до умерен претежно северен ветер, кој на западот краткотрајно ќе се засилува. Утринската температура ќе се движи од 9 до 19 степени, а дневната од 15 до 25 степени Целзиусови.

Во Скопје исто така се очекува претежно облачно време со повремен дожд. Утринската ќе достигне до 14, а дневната до 24 степени.