четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 115
home Вести

СЕ МЕНУВА ДЕЦЕНИСКАТА ПРАКСА ЗА 2 АВГУСТ, ИЛИНДЕН: Пендаровски без говор, Мицкоски верен на традицијата

СЕ МЕНУВА ДЕЦЕНИСКАТА ПРАКСА ЗА 2 АВГУСТ, ИЛИНДЕН: Пендаровски без говор, Мицкоски верен на традицијата

Се воведува нов концепт за одбележување на 2-ри Август, со кој се менува децениска традиција- претседателот Стево Пендаровски годинава нема да одржи говор на чествувањето на празникот Илинден на Мечкин Камен, а за прв пат ќе биде сменето и времето на манифестацијата која ќе биде во 18 часот, па наместо попладневни говори ќе биде организиран концерт во вчерните часови.

За ВМРО-ДПМНЕ, ова е срамен и недржавнички потег, а идејата на Пендаровски е неприфатлива за лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.

Тој ќе остане верен на традицијата, па утре ќе присуствува во струшко Ташмаруништа и од таму како и минатата година ќе испрати порака.

Според Пендаровски била испратена покана и до ВМРО-ДПМНЕ и до Мицкоски, но засега е потврдено само присуството на делегација на ВМРО-ДПМНЕ.

Државниот и национален празник 2 Август, Илинден, претставува симбол на Македонската борба за самостојна и независна држава.

Коронавирус