среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 16
home Вести

СЕ КРИЕ ЛИ НЕШТО? Во првата минута од вторник, Филипче го објави дневниот биланс за недела – починаа 32 лица

СЕ КРИЕ ЛИ НЕШТО? Во првата минута од вторник, Филипче го објави дневниот биланс за недела – починаа 32 лица

Една минута по полноќ, односно во првата минута од денешниот ден вторник, Министерството за здравство го објави дневниот биланс на новозаболени, починати и оздравени пациенти кој се однесува на недела.

Според досегашната пракса на објавување на новите податоци, Министерството истите на почетокот од епидемијата во Македонија ги објавуваше до 15 часот. Со зголемувањето на бројката на тестирања се пролонгираше и времето, па така подоцна дневниот биланс за Ковид-19 беше објавуван околу 17 часот, односно околу 20 часот за бројка од околу 3.000 извршени тестирања.

Статистиката која се однесува за ден недела, изминативе месеци се објавува во понеделник, но често многу порано и од 17 часот бидејќи во просек во недела се извршени околу 1.000 тестирања, што е трипати помалку од бројот на тестирања извршен во работен ден.

Токму овој факт го отвора прашањето зошто Министерството за здравство многу доцнеше во објавувањето на резултатите за недела. Одговор нема освен кусо извинување без наведување на причината за доцнењето.

-Министерството за здравство се извинува за доцнењето на извештајот за ковид состојбата во земјава, се вели во соопштението кое доцна синоќа беше испратено.

Согласно објавениот извештај извршени биле 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-95, Куманово-10, Штип-12, Прилеп-27, Тетово-11, Струга-1, Велес-30, Битола-34, Охрид-1, Кавадарци-7, Гостивар-41, Гевгелија-7, Струмица-7, Крива Паланка-3, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-3, Валандово-1, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-6, Кичево-14, Ресен-2, Неготино-6.

Починати се 32 лица, дванаесет пациенти од Скопје (66, 59, 81, 69, 57, 68, 73, 80, 85, 67, 77 и 82г), двајца од Прилеп (70 и 55г), тројца од Тетово (64, 79 и 67г), двајца од Струга (67 и 74г), еден пациент од Велес (51г), двајца од Охрид (70 и 74г), еден од Кавадарци (77г), еден од Гостивар (61г), двајца од Струмица (63 и 66г), двајца од Радовиш (62 и 70г), еден пациент од Кочани (64г), еден од Делчево (78г), еден од Кичево (64г) и еден пациент од Неготино (55г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира 544 оздравени пациенти од: Скопје-235, Штип-42, Прилеп-72, Тетово-26, Струга-1, Велес-54, Кавадарци-21, Гевгелија-10, Крива Паланка-6, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-25, Пробиштип-2, Пехчево-1, Берово-9, Виница-2, Делчево-10, Кратово-2, Свети Николе-7 и Неготино-14.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 61.878, бројката на оздравени пациенти е 38.946, на починати е 1.763, а бројот на активни случаи изнесува 21.169.

Коронавирус