сабота, 1. октомври 2022. Вести денес: 9
home Вести

Се излеаја реки во Македонија – поплавени ресторани, домови, фабрики (ВИДЕО)

Се излеаја реки во Македонија – поплавени ресторани, домови, фабрики (ВИДЕО)

Поради поројните дождови сите реки се со зголемен тек на водостоите во Македонија.

Излевање има во с.Манастирец на реката Треска каде поплавен е рибниот ресторан „Извор“.

ОД ЦУК велат дека има повеќе излеани реки каде поплавени се повеќе од 50 домови, а во текот на ноќта биле евакуирани една жена и едно дете, а за настанатата состојба известени биле сите надлежни институции.

Во селото Самоков, во општина Македонски Брод, дошло до излевање на реката која се спушта до селото Ковач. Биле поплавени подрумските простории на полициската станица во Самоков, мотел, амбуланта, фабрика за чај и други објекти. Во општина Охрид дошло до излевање на Коселаска река, при што во селото Опеница имало поплавено неколку куќи, додека пак во селото Косел било поплавено земјоделско земјиште.

Од ЦУК регистрирале и излевање на Река Црна на повеќе места по должината на речното корито, на потегот од село Долеци до село Бучин, при што поплавени биле поголеми обработени земјоделски површини. Отсечен е и локалниот патен правец за село Мало Илино, а без електрична енергија се повеќе населени места во општина Демир Хисар.

Коронавирус